Еден очув од САД на овој Божик мора да е еден од најсреќните луѓе во светот. Корисникот на „Твитер“, Алек Вест, сподели видео во кое неговиот очув го отвора специјалниот новогодишен подарок. Алек, кој бил одгледан од својот очув од три години, сакал тој официјално да му стане татко и му подарил документи за усвојување.
Штом видел за што се работи, очувот не можел да ги контролира емоциите и солзите.
„Тој ме гледаше како свој син од мојата трета година, овој Божик го изненадив моето семејство со тоа што го прашав дали ќе ме посвои. Честит Божик“, напиша Алек на „Твитер“.