Очевидците велат дека глетката била стравотна и дека додека да стигнат ургентните екипи локалното население им пружало помош на настраданите.
Несреќата се случила околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Лекарци.
„Прво населението дојде да помогне. деца немаше, сите беа возрасни. Сечевме делови автобусот за да спасиме луѓе. Слушавме плач беше многу страшна слика. 25 луѓе пренесовме со приватни автомобили до болница.
Се плашевме да не експлодира автобусот зошто мирисаше на нафта, вели во изјава за Телма претседателот на месната заедница на селото лекарц“.
Јавен обвинител од скопското Обвинителство е на местото на незгодата и врши увид, соопштија од Обвинителството. Оттаму потврдуваат дека автобусот е сопственост на фирмата „Дурмо турс“.
Од Обвинителството соопштија дека автобусот ќе се извлекува утре, а од возачот на автобусот кој е хоспитализиран ќе се зема крв и урина за анализа.