6 C
Skopje
среда, март 19, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Официјално: Раул Гонзалес си заминува – Македонија останува без селектор

Ракометната Федерација на Македонија ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот на машката сениорска машка репрезентација, Раул Гонзалез, се спогодија да ја прекинат соработката, пишува спортскиот портал Gol.

По крајот на Мундијалот на кој Македонија заврши на 15. позиција, РФМ и Раул имаа разговори и решија дека е потребна промена.

Oд РФМ велат дека машката А-селекција има потреба да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата. Воедно, проблем во соработката претставувала и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор.

Од РФМ му се заблагодарија на Раул Гонзалес за придонесот во македонската репрезентација и најавија ангажирање на нов селектор во најбрз можен рок.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.