Кон крајот на секоја година секогаш на големо се прават најразлични листи – најдобро облечени, најуспешни, најпопуларни… На порталот Ranking.com овојпат беше организирано големо гласање за избор на најубава жена од светот на познатите.
Дури 150.000 корисници гласаа, а нивниот избор изненади многумина. Овојпат ние ви ги донесуваме токму 13-те најубави жени на светот, а вие споделете ги со нас вашите впечатоци.
Кристен Бел
Таа сосема неочекувано се најде на оваа листа. Позната е по филмот “Опасни мајки” во којшто ни покажа колку добра комичарка е всушност таа.
Џенифер Конели
Со своите густи веѓи, темната коса и зелените очи, таа претставува вистински идеал за женска убавина. А токму тоа многумина и го забележале, па често е ангажирана и како заштитно лице на светски познатите модни куќи.
Зои Дешанел
Симпатичната Зои од серијата “Нова девојка” се најде на 11-то место. Нејзината сличност со Кејти Пери е огромна, но Кејти е сепак изоставена од оваа листа за разлика од Зои.
Миранда Кер
Манекенката Миранда Кер е секогаш присутна кога се работи за листите на убавина.
Натали Портман
Како што многумина велат, таа е најинтелигентната девојка од Холивуд. Но, често ја бираат и за најубава, па и овојпат е така.
Блејк Лајвли
Насмевката на убавата Блејк е веројатно една од најшармантните на светот. Оваа убавица овојпат се најде на 8-то место.
Мила Кунис
Уште една убавица која е обврзно присутна на листите за убавина е неизбежната Украинка Мила кунис. Нејзините очи со години наназад фасцинираат многумина.
Џесика Бил
Џесика е една од многуте актерки којашто своевремено се занимавала и со манекенство. И потполно е јасно зошто е тоа така. Главно, сите ја пофалуваат нејзината совршена телесна градба.
Кејт Бекинсејл
Оваа дама претставува синоним за класична убавина. Актерката е отпорна буквално на се, па дури и на годините, па се уште е цврсто при врвот на листите за убавина.
Меган Фокс
Откако се појави на филмското платно, убавата Меган Фокс освои многу машки срца. А тоа го чини и ден денес со огромен успех.
Кејт Аптон
Облините, долгата руса коса и сините очи се прва асоцијација на Кејт Аптон. Младата манекенка ги врати бујните гради во светот на модата на голема врата.
Скарлет Јохансон
Уште една русокоса дама со импозантно деколте е Скарлет Јохансон. Таа со години наназад се наоѓа на врвот на актерската А листа, но и сите други листи за убавина.
Шарлиз Терон
Жената којашто уште ја нарекуваат и кралица на убавината, и со 42 години на големо ги остава зад себе помладите колешки и цврсто го држи своето прво место. Секако, се работи за Шарлиз Терон, којашто со текот на годините дефинитивно станува се’ поубава.
Извор: Tocka.com.mk