Дали знаете што е хиперпигментација? Тоа е нарушување во организмот кое остава дамки на кожата, предизвикано од големата количина меланин, што на кожата ѝ дава темен пигмент.
Нарушувањето на пигментацијата на кожата го предизвикува изложувањето на сонце, одредени болести, стареење, бременост или повреди.
Овие флеки најчесто се појавуваат на рацете и на лицето, односно деловите кои се најизложени на сонце.
Заради поубав изглед на кожата, создадена е маска која ги брише темните дамки на кожата и ја прави кожата чиста и блескава.
Ќе ви бидат потребни 1 кафена лажица куркума во прав и 1 лажица сок од лимон.
Треба добро да се измешаат овие две состојки и смесата да се стави на зафатените места. Почекајте 15 минути додека смесата не се исуши во целост. Измијте со млака вода. После овој третман не се препорачува изложување на сонце. Продолжете го третманот двапати неделно додека не ги видите резултатите. Ако кожата ви е чувствителна, сокот од лимон разблажете го со вода или заменете го со млеко.