На аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк откажани се летовите поради недостиг на персонал за контрола на воздушниот сообраќај, повикувајќи се на информации од Американската сојузна управа за воздухопловство.
Во САД се уште трае блокадата на Владата, која стана најдолга во историјата, а тоа значи дека, покрај другите, и вработените во контрола на сообраќај работат без плата.
Синдикатите уште вчера предупредија на ризикот во јавната безбедност, ако продолжи блокадата на владата. Меѓу нив беше и синдикатот на авиоиндустриските работници.
„Во нашата риузична индустрија не можеме ни да предвидиме со колкав ризик моментално се соочуваме, а не можеме да предвидиме ни во кој момент ќе се распадне целиот систем“ порачале синдикатите на контрола на авиосообраќајот, пилотите и екипажот.