Германската полиција трага по луѓе кои биле толку многу фасцинирани од сообраќајна несреќа, што дури ги отвориле вратите на возилото на брзата помош и зјапале во повредените.
Во полицијата велат дека подинци отвориле врата за да можат од близу да ги видат повредените и да ги фотографираат по несреќа што се случила вчера утрото во јужна Германија.
Во судир на два камиони починал еден човек, а имало и повредени.