6 C
Skopje
среда, септември 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Остров кој може да се посети само двапати годишно е најексклузивното место во Италија

    Најексклузивното место во Италија е остров кој е толку заштитен што влезот за посетители е дозволен само двапати годишно.
    Островот Монтекристо во Тиренското Море во провинцијата Ливорно, е дел од Тосканскиот архипелаг, кој го сочинуваат и соседните острови Елба, Џиљо и Капреја.
    Монтекристо е остров со богата флора и фауна, па токму поради тоа е под строга заштита. На него живеат само четири луѓе, кои се грижат за заштита на животната средина. Риболовот е забранет, но исто така и пристапот до брегот.

    Сепак, меѓу 1 и 15 август и 31 август и 31 октомври островот е отворен за посетители, но треба посебна дозвола за да се дојде на него.
    За време на престојот, туристите може да го посетат главното пристаниште Кала Маестри, но се организираат и тури низ целиот остров со придружба од професионалци. Секоја година само 1 000 луѓе добиваат дозвола за влез, а предност имаат научни тимови или училишта кои доаѓаат на екскурзии.
    Островот го прославил францускиот писател Александар Дима, бидејќи таму се одвива дејството во неговиот авантуристички роман од 1844 година, „Грофот од Монте Кристо“, каде што главниот лик Едмонд Данте наоѓа закопано богатство на островот, кое ќе му овозможи да го спроведе својот одмазнички план на дело.
    Текстот Остров кој може да се посети само двапати годишно е најексклузивното место во Италија е превземен од МАКФАКС.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.