Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, во рамки на денешната работна посета на Република Косово оствари средби со министерката за европска интеграција на Косово, Дурата Хоџа и со шефицата на канцеларијата на Европската Унија на Косово и специјална претставничка на ЕУ на Косово, Наталија Апостолова.
Во текот на средбата со министерката за европска интеграција, тие ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, како и соработка во оваа насока.
Османи го истакна прогресот во имплементацијата на Планот 18, како клучен критериум за успешен извештај од страна на Европската Комисија.
Вицепремиерот Османи и шефицата на канцеларијата на Европската Унија на Косово и специјална претставничка на ЕУ, Наталија Апостолова за време на својата средба разменија мислења околу напредокот и предизвиците при имплементацијата на проектите за меѓугранична соработка, особено за проектот Белановце – Станчиќ кој е од особена важност за двете земји, при што заеднички изразија задоволство што истиот е во финална фаза на реализација.
Претходно во рамки на работната посета на Косово вицепремиерот оствари средба и со потпретседателот на владата на Косовo – Енвер Хоџај при која беше потенцирана меѓусебната подршка на двете земји на патот кон ЕУ.