Не спиете доволно, преморени сте или често заборавате колку е важно да се пие редовно вода. Познато ви е тоа? Веројатно како многумина други ги имате досадните кеси под очите и темните кругови, кои и со шминка тешко се прекриваат.

mleko_I_telo

Се што ви треба е млеко, за да го решите вашиот проблем природно и сосема безопасно.

Потопете двe памучни тампончиња во сад со ладно млеко. Исцеди ги и ставете ги на очните капаци. Може да ставите и под очите. Оставете ги да отстојат 10-тина минути, а потоа отстранете ги.

Потребно е да го оставите млекото да се впие во кожата, затоа добро е после третманот да не го миете лицето.

Млекото не само што ја омекнува кожата и ја прави мазна и еластична, туку може да се справи и со темни кругови под очите и видливо да ги намали отечените кеси. Постапката може да ја повторувате секој ден пред спиење и наутро после будење. Неслучајно Клеопатра практикувала да се капе со млеко!