Новинарот Сашо Ордановски му беше домаќин на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Печат на неделата“, во која имаа жесток дуел.
Ордановски го критикуваше Мицкоски за екстремниот речник кој го употребува и квалификациите како деспотизам, заевизам, крвави раце и таканатаму.
Мицкоски му возврати дека има чувство како да е на дуел со Зоран Заев и дека тоа е добро бидејќи немал прилика за дуел со Заев, а Ордановски го цитирал Заев.
Потоа Мицкоски констатираше дека Ордановски признал дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ денес се прогонувани како што порано тоа го правела УДБА, по што Ордановски го праша „Во кој филм сте влезени, господине Мицкоски“?
Извор: Fokus.mk