Предиграта за сексот е задоволство, но не е вистинската причина поради која луѓето се оддаваат на орални бакнежи, тврдат американските научници, цитирани од “Дејли стар”.
Во сегашно време оралниот секс е се повеќе популарен и се повеќе се практикува од стандардниот, најмногу затоа што не води до несакана бременост.
Зад вистинската причина стои сепак сериозна наука која ги објаснува еволутивните придобивки од оралниот секс за мажите и жените.
Истражување на специјалисти од Универзитетот на Окленд, објавено во списанието “Journal of Reproductive Immunology”, ги открива вистинските причини поради кои претставниците на двата пола практикуваат орален секс.
Кај жените отстранувањето на семена течност ги приспособува нивните тела на надворешната ДНК. Кога забременат, тоа им помага на нивниот имунолошкиот систем да не ги третира машките гени како “странски”. Голем број на проблеми во бременоста се јавуваат поради тоа што женскиот организам го перципира фетусот како туѓо тело.
Што се однесува до тоа зошто мажите ги задоволуваат орално жените, студијата открива дека на тој начин тие се осигуруваат против неверства.
Претставниците на посилниот пол се повеќе се склони да практикуваат орален секс, доколку го доживуваат партнерот за привлечен и стравуваат дека може да биде заведен од друго машко.
Со поголемиот труд во кревет и обезбедувајќи им сексуална кулминација преку орален чин, мажите си гарантираат задоволни партнерки кои помалку веројатно ќе побараат “странски” услуги.