6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ол-стар викенд: Светот подобар од САД

имот на Светот го победи Тимот на САД 150:141 во натпревар со кој беше отворен 66-от Ол-стар викендот во НБА лигата, чиј домаќин оваа година е Њу Орлеанс.

Тимот на Светот до победата го предводеше Џамал Мари од Денвер со учинок од 36 поени и 11 асистенции. Мари постигна девет тројки, а поради учинокот беше прогласен за МВП на натпреварот.

Одличен меч покрај играчот на Денвер одиграа Бади Хил од Њу Орлеанс (28 поени, 6 скока), Кристапс Прозингинс од Њујорк (24 поени, 10 скокови), Дарио Шариќ од Филаделфија (17 поени, 5 скока, 4 асистенции) и соиграчот на МВП-то Мари од Денвер, Никола Јокиќ (12 поени, 11 скокови, 8 асистенции).

Тимот на САД беше предводен од кошаркарот на Шарлот, Фред Камински, тој погоди седум тројки, а вкупно постигна 27 поени. Карл-Ентони Таунс крилото на Минесота оствари „дабл-дабл“ од 24 поени и 11 скокови, а 19 поени постигна Џонатон Симонс од Сан Антонио.

Ноќта помеѓу сабота и недела, на Ол-стар викендот на програмата се натпреварите во забивање, шутирање на тројки и натпреварот во вештини. Главниот настан, Ол-стар натпреварот се игра в понеделник во 2 часот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.