Ексминистерот за внатрешни работи и поранешен директор на ЈП „Јасен”, Оливер Андонов, учествувал во сообраќајна несреќа што се случила попладнево во близина на последна „петка“, дознава „Макфакс“.
Информацијата ја потврди МВР.
„На 17.01.2019, околу 15:45 часот, на булеварот АСНОМ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило ‘опел астра’ со скопски регистерски таблички, управувано од О. А. и патничко моторно возило ‘сеат’ со скопски регистерски таблички, управувано од А.М. Досега е пријавено едно повредено лице, М.С., која е пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски во Скопје“, велат од полицијата за „Макфакс“.
Неофицијално, повредената има контузија на градниот кош и гребаници на десното колено. Повреден е и возачот кој има контузија на ‘рбет и повреда на десната нога.