6 C
Skopje
недела, март 26, 2023

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    94-годишна жена раскажала за одмаздата на неверниот сопруг и неговата љубовница

    Одмаздата е слатка работа, но оваа 94-годишна баба од Лос Анџелес отиде над и подалеку. Дорис со своите внуци сподели приказна за еден неверник,...

    Сопругот гледајќи ги снимките од скриената камера во својот дом целосно го променил односот кон сопругата

    Маж од Тајланд поставил видео камери во својот дом, а она што го видел го натерало радикално да го промени односот кон младата сопруга. Многу...

    Сите се зачудени: Имала речиси 400 килограми. Проверете како изгледа сега!

    Уште како мала имала проблем со килограмите, а со текот на годините нејзиниот проблем станувал се поголем и поголем. Амбер Рачди, која достигна 376 килограми,...

    Науката потврди што зависи од тоа дали мажот ќе создаде син или ќерка!

    Една од приказните на бабата дека мажите кои имаат браќа добиваат синови, а оние кои имаат сестри добиваат девојчиња. Истражувачите од Универзитетот во Њукасл во...

    Околу 500 тони медицински отпад фантомски исчезнува во официјалната евиденција

    Најмалку 500 тони медицински отпад е количината која фантомски исчезнува кога ќе се споредат бројките на количеството од овој тип отпад што се собира во Македонија на годишно ниво и тоа што согорува во печката на Дрисла.

    Како едно од најопасните жаришта што го причинуваат енормното загадување во Скопје и околината, граѓанските активисти го посочуваат токму согорувањето на медицинскиот отпад.

    Количината на медицинскиот отпад што ја посочуваат институциите не е прецизна и веројатно далеку ја надминува официјалната статистика. Ако се земат предвид и сомнежите и сведоштвата на жителите од селото Батинци, кое се наоѓа до депонијата, дека медицински отпад нелегално влегува преку македонските граници и се истовара тука, тогаш се стигнува до фрапантни бројки и неконтролираното согорување создава смртоносно загадување на воздухот.

    „Макфакс“ консултираше активисти од невладиниот сектор кои пред 4 години учествувале во регионален проект што ги вклучувал Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Србија, а се однесувал токму на менаџирањето на медицинскиот отпад во регионот. Нивните анализи покажале дека станува збор за исклучително горчлив проблем и дека кај нас третманот на медицинскиот отпад не е контролиран од надлежните институции и се прават големи злоупотреби заради нечиј профит.
    „Врз основа на нашите истражувања државата нема точна бројка за тоа колкава е количината на медицинскиот отпад што се создава во земјата. Иако се манипулира со некоја количина од 1.300 тони, количеството е многу поголемо. Но, дури и да е така инселераторот на Дрисла нема капацитет да согори повеќе од 900 000 килограми па во тој случај каде е разликата, односно каде се речиси 400 тони на отпад. Тоа изразено во бројки за транспорт се 15 шлепери или 25 специјални контејнери за транспорт“, вели Душко Христов, еден од партиципиентите во регионалниот проект кој ја истражувал оваа тема.
    Според Христов, нивните истражувања покажале дека во Македонија се прави и несоодветен транспорт на опасниот отпад, односно механичкиот и органскиот медицински отпад се меша.
    „Во цивилизираните земји оној органски отпад (мртвородени фетуси,тумори и други хируршко отстранети материи) се согорува во крематориуми. Кај нас ова гори заедно со останатиот медицински отпад во печката која работи со многу мал капацитет. Целата оваа приказна, вклучувајќи ги и сомнежите дека преку границите се внесува отпад што не е детектиран од страна на граничните служби, станува еден волшебен круг во кој интересите на поединци се ставаат над интересот за безбеден живот на граѓаните“, вели Христов.

    Од Институтот за јавно здравје, професорот Михаил Кочуловски за „Макфакс“ изјави дека собирањето, транспортот и уништувањето на медицинскиот отпад во Македонија се врши во согласност со законските прописи.
    „Ние немаме сознанија дека медицинскиот отпад има несоодветен третман. Се почитуваат сите законски прописи. Од болниците истиот се транспортира во ‘Дрисла’ и таму се уништува, а тоа не создава никаква опасност по јавното здравје“, вели Кочуловски.

    Последните податоци покажуваат дека количествотоа согорен медицински отпад во изминативе години рапидно расте
    Пред 1 година „Балкан грин енерџи њуз“ пишува дека Министерството за животна средина ќе направи проект за изградба на регионални депониии насекаде во земјата кои ќе бидат по највисоки европски стандарди, а ќе биде финансиран од фондовите на Европската Унија. За овој проект требале да бидат обезбедени 38,5 милиони евра од ИПА-фондовите.
    Според податоците на Министерството за внатрешни работи во Македонија, постојат вкупно 54 активни и контролирани општински депонии, поделени на депонии со висок, среден и низок ризик, како и 270 неконтролирани депонии во скопскиот регион со близу 5.512 кубни метри на отпад.

    Од „Дрисла“ тврдат дека капацитетот на печката за согорување на медицински отпад е 3 тони дневно.
    „Вкупната количина согорен отпад во печката во 2018 година е 989.112 килограми. Медицинскиот отпад се селектира во медицинските јавни и приватни установи каде што се пакува во посебни кутии и вреќи за медицински отпад согласно со законските прописи за постапување со опасен отпад, и самите установи ставаат декларација за видот на медицинскиот отпад, а Дрисла не ги отвора кутиите и вреќите пред да го согори отпадот во печката“, тврдат од „Дрисла“.
    Основното јавно обвинителство лани по допрен глас отвори постапка за незаконито работење на депонијата „Дрисла“. Државниот инспекторат за животна средина со вонреден инспекциски надзор пред година и пол утврди поголемо испуштање на јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прав надвор од дозволените вредности.

    Жителите на селото Батинце блиску до депонијата постојано се жалаат дека дишат чад. Докторите по медицина велат дека чадот од согорувањето на медицинскиот отпад ако не е соодветно филтриран преку респираторните органи многу токсично дејствува врз човековото тело.

    Министерството за здравство вчера најави дека вакцините со поминат рок исто така ќе бидат уништени во „Дрисла“.

    Latest Posts

    94-годишна жена раскажала за одмаздата на неверниот сопруг и неговата љубовница

    Одмаздата е слатка работа, но оваа 94-годишна баба од Лос Анџелес отиде над и подалеку. Дорис со своите внуци сподели приказна за еден неверник,...

    Сопругот гледајќи ги снимките од скриената камера во својот дом целосно го променил односот кон сопругата

    Маж од Тајланд поставил видео камери во својот дом, а она што го видел го натерало радикално да го промени односот кон младата сопруга. Многу...

    Сите се зачудени: Имала речиси 400 килограми. Проверете како изгледа сега!

    Уште како мала имала проблем со килограмите, а со текот на годините нејзиниот проблем станувал се поголем и поголем. Амбер Рачди, која достигна 376 килограми,...

    Науката потврди што зависи од тоа дали мажот ќе создаде син или ќерка!

    Една од приказните на бабата дека мажите кои имаат браќа добиваат синови, а оние кои имаат сестри добиваат девојчиња. Истражувачите од Универзитетот во Њукасл во...

    АКТУЕЛНО

    Трагедија дома: Два питбула уби ле 2-годишно девојче и нејзиниот 5-месечен брат пред очите на нивната мајка

    Трагедија се случила во предградијата на американскиот град Мемфис, пишува NBC. Две кучиња ги нападнале и ги убиле децата на семејството кое ги одгледувало. Повредена...

    Во следните 20 години, ОВИЕ 9 земји ќе исчезнат од лицето на Земјата – погледнете ја црната листа!

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал светот доколку некои земји престанат да постојат? Дали некои земји треба да ги проголтаат другите? Многу...

    Искрена исповед на мајка од Скопје: Мамо ти ми викаш да се женам, а ние немаме ниту нов

    Ова е приказна на жена кој искрено ја раскажува својата приказна поради економската состојав во која таа а и многу други граѓани живеат многу...

    Направете го ова и сметките за вода ќе ви се намали

    Заборавете на убава топла када кога можете само да се бањате. Ова значително ја намалува сметката за вода. Сепак, можете да го направите ова...

    СТАРО ВЕРУВАЊЕ, ОДБИВАЊЕТО НА КУМСТВО СЕ СМЕТА СО ГОЛЕМ ГРЕВ: Ако го направите тоа, ве чекаат вакви последици!

    Да се ​​избере некого за кум е голема одлука, а од друга страна е многу голема одговорност кога некој ќе не избере нас за...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.