Ноќта меѓу четвртокот и петокот кога во НБА лигата се одржа драфтот на кој како прв пик Филаделфија го избра Боби Симонс, една размена на играчи привлече големо внимание. Имено, Оклахома во Орландо го испрати членот на стартната петорка Серж Ибака, а за шпанскиот репрезентативец доби тројца играчи.
Серж Ибака (26) по осум сезони ја напушти Оклахома и во иднина ќе настапува за Орландо Меџик. Оклахома за Ибака ги доби Виктор Оладипо, Ерсан Иљасова и синот на славниот Арвидас Сабонис, Домантас, кого Орландо ги избра како 11-ти пик на драфтот.
Вистинската заднина за овој трејед е таа што Оклахома ослободува простор во селери капот за да може да го задржи Кевин Дурент кој летово е слободен играч и веќе започна да преговара со други тимови.
Инаку, Ибака кој е еден од најдобрите дефанзивци во НБА лигата, оваа сеозна го бележи најлошиот просек во последните четири сезони (12,6 поени, 6,8 скокови и 1,9 блокади).