6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ОИ: Ограбен португалски министер

Португалскиот министер за образование Тијаго Брандао Родригез бил ограбен во Лагуна Родриго де Фреитас, каде што се одржуваат натпреварите во веслање на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

rio
Министерот додека шетал покрај веслачката патека го ограбило момче со закана со нож, одземајќи му мобилен телефон и паричник. Полицијата неколку блокови понатаму го пронашла арамијата и му ги одзела украдените предмети.

Мета на напад беше и координаторот за безбедност на големи манифестации Фелипе Сеиксас и тоа токму пред стадионот Маракана, по свеченоста на отворањето. Разбојниците не знаеле дека Сеиксас го следат двајца полицајци во цивил, кои отвориле оган врз напаѓачите и еден од нив застрелале.

На обезбедувањето на ОИ распоредени се 85.000 полицајци и војници, двојно повеќе од оние што беа распоредени на ОИ во Лондон.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.