Свадбата на јапонската принцеза Мако е одложена за 2020 година, соопшти царската палата.
Мако и Кеи Комуро, нејзин колега од факултет, се свршија лани во септември. Инаку, Мако му е внука на царот Акихито.
Како што пренесоа јапонските медиуми, свадбата, која беше планирана за ноември годинава, е одложена за 2020 година поради недостиг на време за подготовки. Мако во соопштението навела дека одлучиле да прават свадба кога царот Акихито ќе абдицира, а тоа се очекува на 30 април 2019 година.
Јапонската принцеза поради љубовта кон своето момче, кое нема кралско потекло, се откажа од сите титули.