Користењето на автобусите на ЈСП кон Скопје и надвор од Скопје ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација.
Од владината прес-служба апелираат до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места, како и до сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз и да избегнуваат користење на автомобили.
Во рамки на еднодневната посета папата Фрањо ќе одржи екуменска и меѓурелигска средба со младите од Македонија. На оваа екуменска и меѓурелигиска средба на младите со папата Франциск ќе може да присуствуваат сите млади од Република Северна Македонија и од светот кои претходно ќе се пријават и ќе добијат влезница. Влезниците се бесплатни за сите.
На оваа екуменска и меѓурелигиска средба на младите со папата Франциск ќе може да присуствуваат сите млади од Република Северна Македонија и од светот кои претходно ќе се пријават и ќе добијат влезница. Влезниците се бесплатни за сите.
За сите граѓани кои сакаат да присустуваат на настанот, регистрацијата е отврена од 22 април.