6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Овој слон копал 11 часа без прекин – Причината ќе ви го скрши срцето

    Секое живо суштество има внатрешен инстинкт кога станува збор за заштита на своите деца. Токму тоа ни го покажува и оваа мајка слон која поминала 11 часа во непрекинато копање со цел да го спаси своето дете слонче кое пропаднало во бунар.

    Додека малото било во бунарот, таа се обидела буквално на сите начини да го извлече од дупката, започнувајќи од копање, па сè до употреба на нејзината сурла за повлекување.

    Секоја мајка би сторила сè што е во нејзина моќ за да му помогне на своето дете. Но, за жал мајката слон само ги влошила нештата така што случајно турнала кал од ѕидовите на бунарот, закопувајќи го своето мало бебе уште повеќе.

    Среќа жителите на околните села во областа Чатра, Индија ја забележале ситуацијата и помогнале при спасување на малото слонче.

    Погледнете го и видеото од оваа упорна и силна мајка, која без разлика на ситуацијата ниту еднаш не помислила да се откаже од своето мало слонче…

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.