Да се биде родител несомнено е една од најтешките работи на светот. Притоа сигурно ќе згрешите некаде, но некои грешки се поголеми од останатите и можат да му влијаат на детето во неговиот развој. Затоа и треба да бидете внимателни што зборувате.
Ова се речениците кои не смеете никогаш да им ги кажете на своите деца.
Јас бев поодговорен/на на твои години
Родителот е личноста со која детето се споредува. Ако постојано му напоменувате колку вие сте биле подобри или поодговорни, на тој начин му правите притисок. Во главата на детето се создава притисок дека мора да го достигне вашиот идеал, а тоа може да доведе до комплекс. Сетете се, и вие некогаш сте биле дете и ова сигурно била една од оние реченици кои сте ги мразеле.
Ништо не знаеш да направиш како што треба
Дури и ако постојано греши во нешто што го прави, вие не треба да го сечете на овој начин. Наместо да викате по него, посочувајте му како треба, а не истакнувајте дека детето прави како што не треба. Инаку ќе се почувствува комплетно неспособно и можете да го демотивирате.
Зошто не си како брат ти/сестра ти?
И онака кога се помали, па и дури кога се повозрасни децата се натпреваруваат едни со други, а вие само ќе ја влошите работата на овој начин. Секое од вашите деца е посебна личност и не треба да го споредувате со другото. Дури и да ги израснете со буквално идентични методи, не значи дека ќе добиете исти деца.
Ист/а си како мајка ти/татко ти
Сите парови не се идентично среќни, а децата се и повеќе од интуитивни и чувствуваат кога дома нешто не е во ред или родителите се препираат за нешто. Кога му велите на дете дека е исто како некој од своите родители во негативна конотација, детето се прашува што е тоа што е негативно кај родителот што го поседува кај себе. На тој начин тоа почнува да ги бара маните на родителот и воедно се преиспитува себеси.
Подобро да немав деца
Колку и да се изнервирани никогаш не смеете да направите ваков емотивен испад. Ова е една од најлошите работи што можете да му ги речете на дете, нешто што може комплетно да се одрази врз неговиот карактер. На овој начин правите детето да се чувствува непосакувано.