И да не сте некој љубител на кромидот по ова ќе станете. Еве ги предностите на овој зеленчук:
- Кромидот ја прочистува крвта, ја подобрува работата на срцето и циркулацијата во целото тело.
- Свежиот кромид го намалува нивото на холестерол и нé штити од срцев удар.
- Кромидот го забрзува метаболизмот.
- Ни дава енергија кога сме уморни и под стрес.
- Со кромид може да направите вистинска дезинфекција, во Втората светска војна го користеле како средство за дезинфекција на големите рани.
- Кромидот ја намалува температурата, бидејќи го зголемува потењето.
- Кромидот може да ја спречи болката во грлото, прави дезинфекција на бактериите кои се “населиле” во грлото и усната шуплина.
- Кромидот може да ви помогне при убод од пчела или оса. Истријте го местото со парче кромид и отокот и болката ќе исчезнат.
- Ако ве мачи мигрена или главоболка силно вдишете неколкупати парче кромид.
- Сокот од кромид може да ја намали болката при изгореници, забоболката и болката во увото.