Сите знаеме за изгореници од сонце и флеки, но за дупки во главата, ретко се случува, но баш затоа ова момче Кејд и неговиот статус на Твитер, се хит.
Се започнало кога Кејб ја избричил главата и излегол надвор. Првпат без коса на сонце, и секако без креме за сончање.
После неколку часа се случило нешто неверојатно, освен што неговата глава била целосно црвена, туку и му отекла и изгледала како голем црвен балон.
Тогаш со раката го допрел отокот и се случило нешто невообичаено, на главата му се појавила дупка!
Тој од сето тоа направил шега и фотографијата ја споделил на социјалните мрежи, а многумина коментирале дека потсетува на вонземјанец од цртаните филомви.
После објавата на Кејб се јавиле и други твитераши со слични искуства, но немало такви како него, со дупка на главата.
Секако откако спаднал отокот дупката исчезнала, но изгореницата останала.
Затоа ако не сте љубители на крема за сончање, додека дојде летото имате сосема доволно време да се предомислите. Само погледнете го ова момче и се ќе ви стане јасно.