Фотографката Обри Блек од Нов Зеланд сфатила дека не може да работи и да се грижи за синот Бејли, затоа што ќерката Шавон се отселила и почнала да живее со момчето. Почнала да размислува што би можела да работи за да заработи повеќе пари.
– Фотографирав ескорт дама која живееше во куќата веднаш до мојата па видов колку има работа, изјавила Обри за Дејли Меил.
Освен работа, забележала дека сосетката има и поприлично многу пари. Поразговарала со тогашното момче , на кого не му сметало таа да стане ескорт дама, што дури тоа му било и секси.
Направила профил на страница наменета за спојување со ескорт дами и нивните клиенти. Бројот на клиенти кои ја барале растел, а набрзо почнала да снима и порно филмови.
– На синот, кој тогаш имаше 10 години му кажав дека одам со мажи на состаноци за пари.
Премногу беше мал за му кажам дека спијам со мажи за пари, изјавила та и додала дека се уште не им открила на децата со што всушност се занимава.
Синот почнал да бара фотографии со мажите со кои излегувала неговата мајка па ја истражувал нејзината работа.
Кога сфатил што работи мајка му, и се налутил, но Обри се теши дека сите тинејџери и онака им се лутат на своите родители.
Ниту ќерка и не е воодушевена од нејзината рабоота, но Обри истакнува дека е задоволна и дека ѝ е драго што може да го издржува своето семејство.
– Заработив 720.000 евра, за една година бавејки се со ескорт, додала Обри.