Оваа фотографија ги полуде социјалните мрежи бидејќи на неа се наоѓа еден мал мопс. Го гледате ли?
Откако отишла на прошетка со своето куче, една жена сфатила дека фотографијата од нејзиното куче во паркот може лесно да си поигра со умот и да ги збуни луѓето. На фотографијата се гледа нејзиниот мопс, но е доста тешко да се забележи, па таа одлучила да види колку луѓе ќе успеат да го воочат, пренесува “Mirror”.
Најпрвин фотографијата била споделена во Фејсбук групата “Organise My UK Home”, а во објавата било напишано: “Само за забава. Притиснете лајк кога ќе го воочите мопсот”. Но, кога оваа фотографија била споделена на Твитер, истата полудела голем број луѓе кои не можеле да го забележат кучето.
“Ќе заплачам. Ќе го пронајдам, навистина ќе го пронајдам”, “Се крие на видливо место”, “Навистина генијално, се измачив додека го барав”, гласат коментарите за фотографијата.
Го пронајдовте ли? Доколку одговорот е не, погледнете подолу: