6 C
Skopje
недела, април 14, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Објавен оглас во Грција: Разузнавачката служба бара 56 разузнавачи со познавање на „македонски (јужнословенски)“ јазик

    Eден од критериумите за пријавување на огласот кој го отвори грчката влада за кандидати во Националната разузнавачка агенција  е познавањето на „македонски (јужнословенски)“ јазик, пишува МКД.мк

    Во Службен весник на 14 февруари 2019 година Министерството за заштита на граѓаните објави оглас за пополнување на 302 работни места во Националната агенција за разузнавање на Грција, а во одделот за преведување, толкување и сослушување, вработува 56 лица со познавање на: англиски, француски, германски, шпански, италијански, арапски, бугарски, еврејски, руски, турски и, како што пишува во огласот, „македонски (јужнословенски) јазик“.

    Ова е првпат по ратификацијата на Преспанскиот договор да се споменува „македонски (јужнословенски)“ јазик, вели Катимерини.

    (Kонкурс за кандидати во Националната разузнавачка агенција)
    (Kонкурс за кандидати во Националната разузнавачка агенција)

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.