Досега идентификувани се 11 од вкупно 14 загинати патници на патот Тетово – Скопје во синоќешната трахична сообраќајна несреќа. Кај дел од идентификуваните е познато и местото на жовеење, објави Фактор.мк.
Станува збор за:
- Зоран Давидовски,
- Онур Садику – Гостивар,
- Раметала Абдурахими,
- Јовица Трпеновски – Гостивар,
- Бобан Аврамовски – Врапчиште,
- Есат Емрулаи,
- Бесим Камбери,
- Ајден Исмаили – Гостивар,
- Бесим Фетаи – Врапчиште,
- Бејза Узеири – Бањица
- Валдета Хамити – Гостивар
Во тек е процесот на идентификација и на други жртви.
Судски службеници работеа доцна во ноќта до 4:00 часот за да ги идентификуваат жртвите кои починаа минатата ноќ во трагичната несреќа.