Во поголемиот дел од земјава вечерва има врнежи со обилен интензитет. Врнежите во поголем дел од земјава се од снег, а само во крајните источни делови се од дожд, каде се и најинтензивни и имаат пороен карактер. Во Пелагонија и во Охридско-преспанскиот регион каде до попладнево имаше врнежи од дожд во вечерните часови има интензивни врнежи од снег. Дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер
Најмногу снег падна на Попова Шапка и Маврово.
Како што информираат од УХМР, во ноќните часови врнежите ќе се намалуваат по интензитет. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утре врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има во источните и јужните делови, а во крајните југоисточни ќе бидат од дожд и снег.
Врнежите од снег ќе продолжат и во Скопската Котлина, во ноќните часови ќе се намалуваат по интензитет.