Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2, информираат од УХМР.

Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. В сабота ќе има слаб локален дожд, а од недела и опаѓање на температурата.

Времето денеска претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.