6 C
Skopje
сабота, јули 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Обвинение за татко и син кај кои се пронајдени оружје и дрога

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против татко и син од Скопско, кај кои при претрес беше пронајдено огнено оружје и дрога.

    Таткото се товари за ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и за ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. Неговиот син, пак, е обвинет за ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

    ,,На 22.11.2018 година, при претрес на домот на обвинетиот татко во селото Кучково, било утврдено дека тој кај себе неовластено држел огнено оружје, поголемо количество муниција, како и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Освен ова, кај осомничениот била пронајдена и наркотична дрога – марихуана со нето маса од 0.80 грама и вага со траги од наркотична дрога.

    На истиот ден бил извршен претрес и во домот на неговиот син во Скопје, кај кого била пронајдена наркотична дрога марихуана со нето маса од 60.8 грама, спакувана во една полиетиленска кеса”, соопшти обвинителството.

    Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот татко. За синот се уште се на сила определените мерки на претпазливост од страна на судијата на претходна постапка.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.