Обожавателите на „нутела“ во целиот свет се во паника по веста дека рецептот за нивното слатко задоволство на чоколадо и лешник се променил.

На нивната страница на „Фејсбук“, Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург откри дека компанијата „Фереро“, која ја произведува „нутела“, тајно го ажурирала рецептот за да додаде повеќе шеќер и повеќе обезмаслено млеко во прав.

Содржината на шеќер се зголеми од 55,9 на 56,3 проценти, а млекото од 7,5 на 8,7 проценти.

Групата за потрошувачи тврди дека новата „нутела“ има посветла боја и тие сугерираат дека со зголемување на содржината на млеко компанијата успеа да ги заштеди трошоците за какаото.

Во светот, каде што повеќето компании се обидуваат да ја намалат содржината на шеќер во своите прехранбени производи за да привлечат повеќе клиенти кои се свесни за здравјето, промената не е добро прифатена.