Многумина ја сметале нејзината убавина за несекојдневна. Иако пошироката јавност ја запознала на поразличен начин, оваа девојка освојувала со убавината и прекрасното тело. Сепак, Оливија Нова починала на 20 години.
Смртта на моделот и порно актерката ги шокирала и самите агенти кои биле задолжени за нејзината кариера.
“Иако “Direct Models” ја претставуваше кратко време, сфативме дека Оливија е прекрасна девојка со слатка насмевка и нежна личност. Уште една, премлада…во шок сме и ова навистина не го очекувавме. Почивај во мир, сладок ангелу”, пишувало во изјавата на нејзините агенти.
Со манекенство се занимавала од својата 12-та година, а во 2017-тата година почнала да снима порно филмови. Пред само неколку дена им се обратила на своите фанови на Твитер и споделила неочекувана порака. Била тажна што сама го минува големиот празник.
“Сама за празниците. На своите фанови им праќам празничен поздрав”, напишала таа.
Ова е четврта смрт на порно актерка во последните неколку месеци. Шајла Стајлз починала на 35 години, Август Ејмс на 23 години се обесила на почетокот на декември, а две седмици подоцна настрадала и 31-годишната Јуризан Белтран.
Причината за смртта на Оливија не е позната.
Извор: Tocka.com.mk