Поради наводен дефект на автобусот на една од линиите Гостивар-Скопје, на меѓуградскиот превозник Дурмо Турс денеска не излезе од Гостивар.
Според информациите на очевидци кои сведочеа пред камерата на „Алфа“, автобусот откако тргнал од автобуската станица, на постојката која се наоѓа до Културниот дом во Гостивар, дошло до блокада на задното тркало, а на асфалтот имало и трги од кочење.
Автобус на оваа компанија пред два дена се преврте кај селото Ласкарци, при што животот го загубија 14 лица а 37 се повредени.
Објавена е фотографија од луѓе како излегуваат од автобусот на Дурмо турс.
„Среќа што денеска не се случи најлошото“, пишува во коментар на Фејсбук на очевидец.