Што се случува на патиштата во Македонија во последните денови, прашање кое ги мачи сите, откако нема ден, да нема инцидент на патиштата, регистриран во билтенот на МВР.
Според нивните првични податоци, во несреќата учествувале патничко возило „голф“ и трактор.
Педесетгодишен жител на Доброште го загуби животот, а едно женско лице со сериозни телесни повреди е префрлено на скопските клиники по тешката сообраќајна несреќа што околу 17 часот и 40 минути се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина на крстосницата за влез во селото Доброште, информираа од СВР Тетово.
Покрај загинатиот и повредената, во сообраќајката е оштетено уште едно паркирано возило во близина.
Увид на местото на несреќата вршат полицијата и јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува преку селото.