Научниците што работат на првото бионичко око во светот направија чекор напред на патот кон целта чие остварување би значело дека милиони слепи луѓе ќе прогледаат.
Тим научници од Универзитетот во Минесота направи тридимензионално очно јаболко кое ги детектира промените во јачината на светлината.
#UMN engineering researchers 3D print prototype for ‘bionic eye.’ https://t.co/2cgJuEDqAx @UMNews @UMNresearch #MnDRIVE pic.twitter.com/H8CahPXz9J
— College of Sci & Eng (@UMNCSE) August 28, 2018
Користејќи 3Д-печатачи, научниците направија прототип многу побргу отколку во сите претходни обиди, што поттикна надеж дека ова решение ќе биде економски исплатливо.
Засега не е објавен датумот кога финалната верзија ќе биде подготвена за пациентите.
Текстот Новото откритие надеж за милиони слепи луѓе е превземен од МАКФАКС.