Темен период со многу лоши и црни настани во последните десетина денови има во државата, а оваа серија продолжува и вечерва, барем според пишувањето на дел од порталите.
Во Скопје вечерва бил пронајден починат такси возач.
Според податоците на порталот Пресс24, вечерва кај Железничка во Скопје, во такси возило е пронајден мртов такси возач.
Очевидци ја потврдиле оваа информација. Полицијата врши увид, по што ќе бидат познати детали.