Речиси 1.500 полицајци беа распоредени во Атина во пресрет на попладневниот протест против ратификацијата на договорот од Преспа со Македонија во грчкиот парламент.
Демонстрантите веќе почнаа да се собираат на Акропол.
Демонстрантите од Комунистичката партија на Грција рано утринава на ѕидините на древниот Акропол поставија два огромни транспарента против овој договор, пренесува АП.
Грчкиот парламент вечерва би требало да се гласа за ратификација на договорот од Преспа, што Грција го потпиша со Македонија за промена на уставното име на нашата држава во Република Северна Македонија, а со тоа ќе се стави крај на 27-годишниот спор за името.
Во грчкиот парламент денеска продолжува расправата за ратификација на договорот, која почна вчера, а гласањето, според најавите, треба да се одржи вечерва или утре рано изутрина.