6 C
Skopje
недела, април 14, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Нова студија „Книжевноста и политичкото насилство “ од Славица Гаџова Свидерска

    Деновиве, во издание на Издавачката куќа „Восток“ излезе студијата „Книжевноста и политичкото насилство “ од д-р Славица Гаџова Свидерска која е единствена од овој вид на македонскиот културен простор. Спојувајќи ги македонскиот и латиноамериканскиот контекст, преку делата на Живко Чинго, Иво Трајков (филм работен врз книжевната предлошка на Чинго), Габриел Гарсија Маркес, Хулио Кортасар и Марио Варгас Љоса, оваа комплексна студија ги разгледува сложените односи на феномените на репрезентација во наративните текстови и политичкото насилство на ниво на приказна и на ниво на дискурс. Истражувањето има нагласено компаративен и интердисциплинарен карактер. Книжевноста, уметноста воопшто, како и филмот, се спротивставуваат на моќта и на насилството со специфични естетски стратегии, а и самите не се имуни на создавање и практикување моќ и насилство.

    Славица Гаџова-Свидерска (1984, Битола) е доктор на филолошки науки, поет, есеист, книжевен теоретичар и преведувач. Ги објавила поетските збирки „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015) и „Тела“ (2016) и научнате студии „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013) и „Книжевноста, и политичкото насилство (2018)“ Учествувала на повеќе поетски фестивали и е добитничка на голем број награди, меѓу кои „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата (2012) и на наградата „Караманов“ (2016). Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, словачки, чешки, српски, хрватски, босански, италијански и албански јазик. Се занимава со проучување на врските меѓу книжевноста, дискурсите на моќта и политичкото насилство.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.