6 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Новак Ѓоковиќ одбил милиони од обложувалниците: „Многу луѓе ме следат и чувствувам дека пораките кои ги испраќам влијаат на нечиј живот“

Ѓоковиќ не сакал да прифати пари за да рекламира три најголеми светски “букмејкерски“ куќи кои не ги штеделе парите за Ноле да им биде заштитно лице.

Новак одбил да рекламира три најголеми светски обложувалници затоа што не сака да испраќа лоша порака на милиони луѓе низ светот на кои им е идол.

Најдобриот тенисер на светот неодамна одбил понуда вредна повеќе милиони евра на веројатно најголемиот ланец на обложувалници на планетата.

Взнаемна доверба

Тоа било третото “не“ на ваквите компании од играчот кој заслужно оди кон името најдобар во историјата. Ѓоковиќ зборувал за тоа дека бира со кој соработува и дека паричните понуди апсолутно не му се пресудни. Неодамна за интервју за „Вајс“ Новак проговорел на оваа тема.

„Барам партнери кои се општествено одговорни. Спонзорството за мене отсекогаш беше, а особено во последно време е, партнерство. Јас како човек се поистоветувам со вредностите на тој партнер и тие со мене. Мора да постои компатибилност иначе нема да можеме да функционираме“ – раскажал Ѓоковиќ.

Големо значење

„Имам свои лични ставови, погледи на светот, здрав начин на живот. Доколку таа компанија не се вклопува во сето тоа тогаш не сакам да соработувам со неа. Финансиските средства се секундарни. Привлекувам внимание повеќе од кога и да е, многу луѓе ме следат и чувтсвувам дека пораките кои ги испраќам како директно така и индиректно имаат големо значење за нечиј живот“ – заклучил Новак Ѓоковиќ.

Извор: Tocka.com.mk

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.