Есенско неделно утро. Единствениот ден во недела, кога немам работни обврски и можам да ја посетам мојата баба. Сепак, разговорот беше сосема необичен, затоа сакам да го споделам со вас.
Баба ми кажа: “Љубовта не е за егоисти”, и ете, сега најсетне ја разбирам тежината на нејзините зборови.
Ако не сум подговена на огромни жртви и на тешки битки, подобро да почекам, да не брзам со љубовта, додаде таа. Зошто, според неа смислата на љубовта е многу да дадеш, а не премногу да сакаш да земаш. Многу да простуваш и помалку да грешиш.
Ако несакаш искрено, воопшто не засакувај, мила моја! , рече мојата баба и продолжи:
“Љубовта е за оние, кои не се стравуваат од болката да се разоткријат. Оние кои никогаш нема да го излажат и предадат саканиот човек. За оние, кои понекогаш грешат, но признаваат. Оние кои понекогаш ќе бидат повредени, но ќе простат и заборават. Најпрво, треба да ја ослободиш потсвеста од се што е лошо, да го отвориш срцето за се што е прекрасно и да ја откриеш сродната душа. Ако и партнерот го направи истото за тебе, тоа значи дека и тој е заљубен, искрено и вистински.”
Да, баба е мудра жена. Таа има преживеано толку многу нешта, има видено што ли не. Но едно неможе да разбере и таа како многу други луѓе – зошто луѓето се лажат, зошто се предаваат?
“Ние со дедо ти никогаш не се лажевме. Тогаш кога правевме мали грешки – јас например ќе додадев повеќе сол во јадењето, или пак случајно ќе му ја изгорев кошулата при пеглањето – пак си признавав. И тој знаеш ли како реагираше? Наместо да се налути на мене, ќе кажеше: Ех, што ли ќе правев без тебе, сакана моја? Кој ќе ме насмеваше со глупите постапки понекогаш? Кој ќе се радуваше со виновната насмевка на лицето? И кажи ми како да излажам таков човек? Се разбиравме, внучко моја, споделувавме, си верувавме и си проштававме. А што правите вие младите? Брзате за да се изнервирате, да си го свртите грбот, да се разлутите. Запомни, те молам, се на овој свет може да се поправи, но ако го загубиш човекот кој го сакаш, тоа тешко може да се поправи! ”
Такви силни и убави зборови ми кажа баба, еве и ден денес седам и размислувам за нив. Премногу вистина има во нив! Зборови, над кои секој млад човек треба да се запраша.
И на крај таа додаде:
И запомни – многу важно е чувството, како мажот те тера да се чувствуваш. Да знаеш, дека си специјална. А за љубомората да ти кажам ли? Секој е љубоморен, мила моја. Љубомората е една од најчестите чувства на луѓето кои сакаат. Кој помалку, кој повеќе. Но тоа не е многу убаво. Ете јас да ти признаам една тајна – никогаш не го правев твојот дедо љубоморен. Не, не е поради тоа што не го сакав, напротив! Знаеш ли како ме представуваше пред луѓето: Запознајте се со најубавата жена на светот! Па така, мила моја, која жена ќе го прави својот партнер, кога знае дека за него е најубавата на цел свет!”