Освен за да не се залепат колачите за плехот, хартијата за печење можете да ја употребите и за други олеснувања во домот.
Светнете ги чешмите
Со гланцање, хартијата ќе ги елиминира флеките од водата, а восокот ќе ја заштити чешмата од настанок на нови флеки на некое време.
Обложете ги полиците
Поставете хартија за печење на највисоките полици во кујната каде се собира прашина и се лепи маснотија. На неколку месеци заменете ги и ќе се изненадите колку нечистотија останува на нив. Со оваа хартија можете да ги обложите фиоките и внатрешните полици во кујнските кабинети.
Исчистете го подот
Поставете ја хартијата како крпа за бришење на подот и избришете го на вообичаен начин. Хартијата ќе ја собере сета нечистотија од подот, а восокот ќе му даде сјај.
Исчистете ја пеглата
Ако пеглата ви се лепи, на хартија за печење ставете сол и кога пеглата ќе се загрее до максимум, лесно трлајте додека се не отстрани сета нечистотија.
Заштитете го отворачот за конзерви
Ако отворачот е извалкан, со помош на хартијата за печење ќе се исчисти и дополнително ќе се заштити од рѓа, а со восокот ќе се подмачка.
Спречете го шкрипењето на вратата
Истријте ја вратата со хартија за печење и ослободете се од непријатниот звук. Восокот од хартијата ќе ги обложи рабовите на вратата и таа ќе се затвора полесно.
Одглавете го заглавениот патент
Ако патентот на јакната или чантата заглавува на некое место, истријте го со хартија за печење и така подмачкајте ги запците! Ќе биде како нов.
Обложете ги полиците во фрижидерот
На тој начин ќе ги заштитите полиците ако нешто истурите во фрижидерот и не морате да го бришете целиот фрижидер, туку само заменете ја хартијата.
Исчистете ги металните шипки
За да можат полесно да се лизгаат алките на завесата за тушот, истријте ја шипката со хартија за печење и на тој начин подмачкајте ја и избришете ја од прашината која се лепи на неа. На ист начин исчистете ги шипките во плакарите.