Полицијата по налог на јавен обвинител утрово го лиши од слобода лидерот на партијата ГРОМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, пренесува и дознава „А1.он“
Јакимовски утрово треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, каде што за него ќе се бара притвор.
Екс-градоначалникот и лани во август беше уапсен. Јакимовски е под истрага во врска со три тендери од страна на финансиската полиција, два за општинските бараки и еден за плоштад во Жданец.
Подетални инфомации се очекуваат во текот на денот.