6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Не дошла брзата помош навреме, два мали синови ја породиле својата мајка, таткото починал два месеци порано

    Јулијана Димитриевска сега е самохрана мајка. Претходно, таа и сопругот Дејан биле заедно 25 години. Дваесет и една година биле во брак, четири години во врска. Во бракот им се раѓаат три мали ангелчиња.

    По четврт век заедно, ќе каже Јуле сфатив дека „убавото време брзо поминува“. Па, како низ сон поминало и времето кога Дејан и Јуле биле заедно и создавале семејство и дом. Бидејќи претходно живееле во заедница, собирале пари за конечно да се одделат и со децата да започнат самостоен живот. Купиле стара куќа во Бунарџик која требало да се санира и адаптира за живеење.

    Имале големи планови. Но, на 26 декември 2020 година Дејан се разболува и таа битка нема да може да ја совлада, за да ги оствари плановите кои ги сонуваше со Јуле. Понекогаш ниту самите не знаеме колку е важен моментот, сè додека тој момент не стане спомен. Заедничките мигови од животот со Дејан, на Јуле и се важни, еднакво како децата кои ги имаат.

    На 3 февруари минатата година Дејан остави празнина во куќата за која работеше цел живот. Болката да биде поголема, не успеал да ја сознае веста дека ќе има наследник, синот кој се роди посмртно, два месеци по неговата смрт и го носи неговото име.

    – Дента кога умре ми побара попара. Не можеше сам да ја изеде и го нахранив. Потоа ми рече дека му е многу светло па ги тргнав завесите. Почна да зборува и да се кара со некои светци. Не сакаше да замине. Потоа, исплука крв и ми умре на раце. Два месеци после тоа ми дојде на сон. Ми рече јас сега ќе си одам, ќе дојде другиот Дејан. Вечерта по полноќ ме фатија породилните болки. Викнав брза помош, не дојде одма. Им реков на синовите, деца сте ми, ама мора да ми помогнете. Димитар и Дамјан ме породија. Тие први го допреа и гушнаа брат им. Плачевме сите. Тоа беше голем шок за нив, но, ме спасија. Тие се моите херои!-се присетува Јуле.

    Сите кои сакате да помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на следната сметка 210501709933315 или на телефонскиот број 070/489659
    Повеќе на prikazna.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.