Рејчел се родила пред време, нејзиното било премногу мало да може да преживее, срцето и чукало само еднаш во 10 секунди, не можела да дише.




Докторите и дозволиле на мајката да се опрости од своето чедо, и рекле “Имате само неколку минути“. Каролин Ибиситер го ставило бебето голо на својата града. Солзите и слевале во лицето, а нејзиниот сопруг едвај ја издржувал болката.




– Не сакав да и биде ладно. Затоа ставив на себе. Нејзините ноџиња беа премрзнати, опишува Каролин за Дејли Меил.
– Тоа беше се што можев да и подарам, вели таа. Меѓутоа, она што следело ги изненадило докторите и им дало нова надеж на родителите.




Топлината на телото и близината на срцето на мајката донеле до правилна работа на срцето на малата Рејчел, која почнала да дише нормално.




– Не можевме да веруваме, а и докторите беа изненадени. Испушти еден слаб крик, изјави мајката на малата Рејчел.




– Докторите рекле дека нејзе нема надеж, но јас не дозволив да умре одма. Болничкиот свештеник веќе ја имаше благословено. Чекавме само да умре, но таа не се предаваше. Нејзините образи од попримија здрава црвеникава боја, ги опиша Каролин моментите кои никогаш нема да ги заборави.
Само четири месеци покасно, бебето го напушти родилиштето и дојде во својот дом. Нејзината мајка, хемичарка по струка, смета дека е чудо што нејзината малечка е жива.




-Рејчел е прав мал борец и чудо е што денеска е тука. Кога се роди и даваа само 20 минути живот, а тогаш еден момент промени се. Никогаш нема да го заборавам тоа, изјави 38 годишната мајка.