Аманда и нејзиниот сопруг требало да станат родители по 3 обиди. Исто така, тие почнале да живеат во новата луќа која била потполно реновирана. Но, еден се се променило.
Аманда била во 36-та недела и се вселила во својот нов дом, кога нејзиниот сопруг изненадно ја оставил.
Оваа вест била како бомба за неа.Сите пари биле вложени во новата куќа, а таа требала набрзо и да се породи.
Кога се изгледало безнадежно, нејзината приказна стигна до „Радио Сиднеј“ и ја повикале Аманда во студио.
Аманда не знаела што ја очекува кога ја натерале да погледне во екранот пред себе. Камерата ја покажувала нејзината куќа, а во неа имало многу изненадувања.
Водителката почнала да набројува дека за Аманда следуваат: 6 месеци платена услуга за чистење, храна за наредните 3 месеци, сите работи припремени за доаѓањето на бебето.
Но кога ја отвориле рерната, внатре се наоѓале 10.000 австралиски долари со кои таа можела да ја плати хипотеката.
Погледнете на видеото како изгледало тоа.