Вториот контролен меч меѓу Словачка и Македонија не го дочека крајот, бидејќи беше прекина по некоклу минути игра во третата четвртина.
Причина за тоа била грубата игра и судиските одлуки. Арбитрите многу лесно се решавале да ѝ досудат на Македонија неколку технички и неспортски грешки, па дури и да го исклучат Александар Костовски, за на крај едноставно да решат дека натпреварот не може да продолжи бидејќи „Македонците биле премногу груби“.
До моментот на прекинот Македонија имала водство од 58-54. Ова беше втора пријателска средба меѓу двете репрезентации, откако вчера нашата загуби со 89-74. Контролите со Словачка се дел од подготовките за претквалификациите против Естонија и Косово, кои ќе почнат на 2 август.
Извор: 24vesti.mk