Купи парче „сирење за 100 денари“ и „лепче од вчера на попуст.“ Го препознав штом влегов во продавницата.




Тој ми беше учител. Не сум го видел четврт век, но ми се чинеше дека едвај се сменил.




На касата бев зад него и ја наведнав главата да не ме препознае, некако загрижен. Го имаше заклучено својот велосипед до мојот и кога излегов разговаравме. Се сети на мене, се сеќаваше и на мојот брат. И… скоро еден час разговор.




Се пензионираше пред десет години. Добил мала пензиjа за 40 години настава.




Има син и ќерка кои одамна заминале во Германија. Отпрвин тоа не му пречело многу, разговарале на телефон и на скајп, но кога му ги донеле внуците и сфатил дека е тешко да се разбере со нив бидејќи речиси и не зборувале македонски, тоа му пречело. Сега ретко ги прашува дали ќе дојдат затоа што се плаши дека можеби ќе се вратат дома.




„Овој град умира, оваа земја умира, ние старите сме мизерни, но мене ми е жал за младите!




Оваа личност за која ми беше жал, тој всушност ме сожали. За живеење во мојата татковина. Во земја на умирање. Овој човек ме научи на патриотизам, а сега ми кажуваше дека мојата земја умира. Ја убиваат.




Па, на сите ѓубриња наречени „менаџери“ сакам да им порачам – Е*ЕТЕ СЕ! Нема да не убиете. Ќе платите за се. За секој протеран Македонец, за секој уништен живот, за секој украден денар, за секој вчерашен изеден леб, за секое македонско дете што не знае македонски! За претворање на нашата држава во мафијашка држава.




Оваа борба ќе ја водиме до крај и ќе ве видам во затворите. А моите внуци ќе зборуваат македонски…




Георги Георгиевски, Фејсбук