6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Нема да има нови преговори за брегзит, порача Меркел

    Германската канцеларка Ангела Меркел изрази жалење поради британското одбивање на договорот за брегзит, но отфрли можност за понатамошни преговори за овој документ.

    „Ние сега сакаме да ја намалиме настанатата штета, а штета секако ќе настане со излегувањето на Велика Британија во најмала можна мера. Затоа, и натаму ќе бараме решение за контролирано излегување на Британија од ЕУ“, рекла Меркел во пресрет на состанокот на надворешнополитичкиот одбор на Бундестагот.

    Таа, сепак, како што пренесува „Ројтерс“, ја отфрлила можноста за нови преговори за содржината на договорот за брегзит.

    „Канцеларката исто така напомена дека нема да се противи на разговорите за прецизирање на идниот однос меѓу ЕУ и Британија“ рекол неименуван извор за „Ројтерс“.

    Германската влада е подготвена за неуреден излез на Британија од ЕУ. Меркел ѝ порача на Тереза Меј дека сега е нејзин ред да им каже како понатаму.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.