Кога група студенти од Њујорк ефтино купија стар кауч, тие никогаш не сонуваа дека ќе најдат големо изненадување во него. Рис Верховен и неговите цимерки Лара Русо и Кали Гуасти слушнале чуден шумолеж додека се потпирале на нивниот нов кауч.




Сакале да проверат за што станува збор, па го отвориле патентот и нашле неколку илјади долари. Не им веруваа на очите. Тие веднаш почнаа да бараат повеќе пари и на крајот собраа околу 40.000 долари, кои цело време беа скриени во стариот кауч.




Подоцна дознале дека каучот го користела 91-годишна баба која завршила во болница поради скршеница на колкот. Таа немала доверба во банките, па ги криела сите пари околу куќата.




Нејзините деца го продадоа каучот не знаејќи дека во него има вистинско богатство. Група студенти не сакаа да ги задржат парите, тие и ги вратија на старицата, а таа ги награди со илјада долари.
Видео тука