6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Незапаметен случај во историјата на медицината- бебе преживеало абортус

    Британката Вики Харпер (24) дознала дека по трет пат е бремена, па поради лошата финансиска состојба се одлучила да абортира.

    Вики веќе имала две деца – Роса (2) и Лејла (5), но минатиот јуни заборавила да се напие контрацептивно апче и останала бремена.

    – Тоа беше најтешката одлука во мојот живот. Ги сакам децата највеќе на светот, тие се моето богатство, но тогаш немав сили за трето дете, – изјавила Вики.

    Таткото на нејзините деца, младиот Кинан Мекивот (19) кој по занимавање е столар не заработува многу пари, но и рекол дека одлуката е нејзина, а тој ќе ја поддржи во се. Вики се одлучила да абортира.

    – Кинан дојде со мене на лекар. ме држеше за рака. Плачев малку, но знаев дека тоа е најдоброто решение, – објаснува таа.

    Како што вели и самата, уште тој ден знаела дека нешто не е во ред.

    – И понатаму бев уморна и имав вртоглавица, а веќе два пати бев бремена и знам како изгледа тоа, – вели Вики.

    Затоа направила тест за бременост, кој се покажал како позитивен. Докторот и рекол дека е можно некои хормони и понатаму да се во нејзиното тело и дека нема причина да се грижи.

    – После тоа немав менструален циклус два месеци и бевсигурна дека бебето е во мене – изјавила мајката.

    Девет недели по неуспешниот абортус направила ултразвук, кој јасно покажал дека таа е бремена. За уште еден абортус било доцна, затоа што веќе била во 16. недела од бременоста, а после 12 недела тие зафати се со голем ризик.

    Тогаш се одлучила да го роди бебето. на почетокот на март, Вики на свет донела момчето Џек, кој бил сосема здрав.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.